Почетна / Градина / Вести / Јадете гоџи бери, за да живеете 100 години

Јадете гоџи бери, за да живеете 100 години

Ако сакате да дочекатe длабокa старост, да сте здрави и да изгледате млади, рецептот е еден – поткаснувајте дури помалку од егзотичниот плод гоџи бери, велат од лечител.

Татковината на растението е Кина и Хималаите, но за неколку години таа е хит меѓу Европејците и Американците.

Силните антиоксидантни својства го прават суперхрана која ќе ви подари многу здравје и подобар животен тонус.

Лековитите квалитети доаѓаат и од големото количество полисахариди. Тој влијае исклучително позитивно кај кардиоваскуларните болести, воспаленија, очни проблеми и пречки на нервниот систем.

Поради неговите квалитети тој го стимулира метаболизмот и од него килцата се топат побрзо и здраво. Гоџи Бери го забавува и процесот на стареењето, го намалува високиот крвен притисок и чува од различни алергии.

Други, пак, го користат при замор, вртоглавица и проблеми со меморијата. Древните хималаи велат дека ја храни крвта, ги активира бубрезите и црниот дроб и хидратира белите дробови. Според последните податоци плодот се бори против ракот, дијабетесот, а помага кај предвремено стареење.

Нормална доза е помеѓу 10 и 20 грама дневно, поделено на три дози.

Види

Што се случува со луѓето кои џвакаат мед од саќе

Со џвакањето мед од саќе составен од восок, во нашиот организам допираат биолошки активни материи …