20.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Јабучар – македонскиот автохтон домат може да тежи повеќе од 1 килограм

Јабучар – македонскиот автохтон домат може да тежи повеќе од 1 килограм

Македонска автохтона сорта на домат, кој се карактеризира со уникатен вкус и арома, кои се типични само за ова поднебје. Плодовите достигнуваат тежина и до 1,3 кг, што претставува своевиден рекорд за оваа сорта.

Јабучар е сорта која изобилува со неговата големина и специфичната розева боја. Најмногу го има во околината на Скопје и во Струмичкиот предел. Тој се карактеризира со розова боја и вкус на вистински домат. Исто така, помал број производители почнале да го одгледуваат познатиот јабучар во пластеници, сами собирајќи семе, но и покрај тоа што е произведен во заштитени улови, неговата трајност е ограничена на само неколку дена.

Во 2013 година, во Охрид изниклал јабучар со големина од еден килограм. Доматот, воопшто не бил прскан со пестициди или други заштитни средства, единствено е прихранет и испрскан против штетници со чај од варени коприви, а наводнувањето е со системот капка по капка со изворска или остоена вода, која воопшто не соддржи хлор. Тајната за овој џиновски и вкусен домат се состои во навременето прскање со препаратот од коприва и навремено наводнување.

Јабучарот, кој е чист и еколошки здрав и мириса на вистински домат, се губи во последните години. Успева да опстои и во густо населени подрачја, но и во градски средини. Никнува од 7-15 дена од денот на сеењето. Потребна е голема влажност на земјата и топлина во првите 10 дена. Ако садниците се многу блиску една покрај друга, тогаш треба да се расадат на друго место на поглемо растојание. Кога билките се околу 5 санмтиметри големина, слободно можат да се наводнуваат преку листовите.

Доматот треба да се наводнува со млака вода од 18-28°C, бидејќи ако се заливаат со ладна вода, билките можат да добијат шок и да угинат или да имаат последици во понатамошната вегетација.

Доматот е зеленчук што во исхраната се употребува: свеж, конзервиран како на пример зелен поткиселен домат во туршија и зимница, како сок, прелив (кечап – доматен сос) или како зачин. Неговите плодови се богати со витамин Ц, каротин, витамин Б1 и витамин Е. Покрај витамините, во него се среќаваат и значајни количества на манган, железо и бакар.

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …