Бенедектинскиот трн расте на суви тревни места на балканот. Претставува висок трн со дебело стебло и назабени листови.
Цвета во јули-август. Кориснен дел му се лисјата, гранчињата по кои има цветови, а се берат во почетокот на цветањето. Се сушат на суво и проветрено или во машина за сушење алишта.
Билката содржи сесквитерпенови лактони, етерични масла, смола, слузести материи и танини.
Екстрактите од билки имаат благотворно дејство врз црниот дроб, дигестивниот систем, го подобруваат апетитот. Билката дејствува енергично на целиот организам, а особено на нервниот систем. Ја регулира неправилната менструација, ја засилува секрецијата на ѕидот на жлездите, помага и за зголеменото лачење на жолчниот сок.
Околу 1 лажица од оваа билка се запарува со 300 мл врела вода. Треба да отстои околу 1 час. Се пие по 1 чашка кафе пред јадење 3 пати на ден.
Не се препорачува долготрајна употреба, бидејќи може да дојде до труење. Се препишува само со лекарска индикација, па пред употреба консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт!