19.08.2022
Почетна / Градина / Животни / Извршена контрола на одгледувалиштето за овци во гостиварското село Симница

Извршена контрола на одгледувалиштето за овци во гостиварското село Симница

Официјални ветеринари од Агенцијата за храна и ветеринарство, во соработка со  надлежното ветеринарно друштво и стручни лица од Факултетот за ветеринарна медицина вршат контрола на одгледувалиштето за овци во гостиварското село Симница, со цел утврдување на евентуално присуство на заразна болест кај добитокот и евентуалната причина за појава на болест од која две лица починаа, а уште 7 се лекуваат на скопската Клиника за инфективни болести.

Од страна на официјалните ветеринари земени се мостри за лабораториско испитување од добиточната храна и водата во одгледувалиштето, од производи од млеко и сирење кое се произведува во бачилото. Земена е и крв од овците за  дијагностичко испитување, со цел утврдување на евентуалниот причинител на заразата. На одгледувалиштето зголемени се и биосигурносните мерки, а во текот на денот ќе биде извршена и комплетна дезинфекција и дератизација.

Заради спречување на ширење на евентуална зараза, изречени се мерки за  забрана за движење на стадото и обврска за задолжително пријавување на евентуално заболени или угинати животни до надлежното ветеринарно друштво.

Види

Неговата душа e полна со љубов: Тој стигна од Калифорнија до Њујорк за да спаси питбул (Видео)

Кога душата ти е полна со љубов: Тој извозе од Калифорнија до Њујорк за да …