Изртениот лук во однос на сировиот – докажано го подобрува антиинфламаторниот, имун систем, дава кардиоваскуларна заштита и има способност да убие 14 видови рак.
Алицинот, богато соединение со сулфур, е ефикасно средство против бактерии, вируси, габички и паразити, без токсични споредни ефекти.
Стариот, из’ртен лук со светлозелени ластари, обично се смета за намирница со поминат рок и често завршува во корпа за отпад.За разлика од некои други зеленчуци кои кога ќе започнат да ’ртат, како што е компирот на пример, стануваат токсични поради хемикалиите кои ги ослободуваат, тоа не е случај со изртениот лук.
Всушност, една студија финансирана од Кореанскиот Институт за планирање и технолошка евалуација, неодамна објавена во списанието ACS – полјоделска и прехрамбена хемија, утврдено е дека изртениот лук има уште поголеми антиоксидантни својства од обичниот лук.
Истражувачите потврдуваат дека кога лукот ќе се претвори во зелена билка, тогаш создава многу соединенија за заштита на младата билка, пишува нмд.мк.