Почетна / Градина / Животни / Изработка на хранилка за птици

Изработка на хранилка за птици

Птиците се многу важни членови на секој еко систем, малите птици покрај тоа што ги разубавуваат нашите градини и не развеселуваат со нивната песна се и многу корисна алка во синџирот на исхрана во природата.

Имено малите птици главно се исхрануваат со инсекти со што помагаат да се одржи нивниот број под контрола.

Еден пар сеници може годишно да изеде и до 150 kg инсекти. Деновиве поради поради острата зима која ја зафати Македонија добив идеја но и инспирација да изработам проект хранилка за птици од матерјали кои се лесно достапни за секого.

Се надевам дека ова ќе биде доволен поттик и вие да го сторите истото…

Начин на изработка:

Чекор 1:

Пронајдете ги потребните матерјали и алатки за работа: -пластично шише од 1,5 l -пластична чинија со високи рабови -изолир трака -фломастер маркер -скалпер -коноп -лепило (пластичен силкон)

Чекор 2:

Најпрвин со помош на изолир траката означете круг окулу шишето на околу 15 см од врвот.

Чекор 3:

Потоа земете го скалперот и исчете го шишето на половина при што ќе го следите работ на кругот кој го направивте со изолир траката.

Види

Луѓето кои чуваат животни имаат поотпорно срце?

Според едно јапонски истражување сопствениците на домашни миленици се многу поздрави за разлика од оние …