06.07.2022
Почетна / Градина / Вести / Избор на балконски растенија

Избор на балконски растенија

Доколку прозорците се наоѓаат во приземје или на првиот кат и блиску до улицата може да се одберат цвеќиња со нежни бои и поситни цветови и листови.

Доколку сакате да ги украсите прозорците или балконите на трет, четврт или петтиот кат од зградата, кои се прилично оддалечени од улицата, треба да се одберат растенија со поживи бои, со покрупни цветови и листови, како и растенија чии стебла не стојат исправено, туку “паѓаат”. На тој начин, цвеќето ќе постигне најдобар ефектот кај минувачите кои набљудуваат од поголема далечина. Во секој поединечен случај треба посебно да се одлучи кои растенија ќе се одгледуваат.

Многу убави ефекти може да се постигнат и со еден вид или сорта, како и со разни комбинации. На пример, портокаловите “мињон георгини” со сини лобелии од предната страна, мушкатли-пеларгонии во комбинација со аргуратум, петунии, тегерес, аспарагус спренгер и други. Овие растенија цутат приближно во исто време и многу добро се надополнуваат со својата боја и раст.

Види

Како успешно да пресадите растенија

Растението треба да се пресади тогаш кога ќе се утврди дека саксијата станала претесна за …