06.07.2022
Почетна / Градина / Вести / Избор на балконски растенија

Избор на балконски растенија

Во градовите балконите и терасите често претставуваат единствено место каде што може да се одгледува цвеќе на отворен простор.

Балконите и прозорците со цвеќето претставуваат исклучителен украс и за дворовите и за улиците.

Таа мала “градина” може да стане гордост и радост на станарите, а воедно и убава слика за сите минувачи и соседи.

Растенијата на терасите, прозорците или на оградите имаат отежнати услови на раст. Изложени се на силни ветрови и сонце, чие пак дејство е засилено од близината на ѕидовите и прозорските стакла. Затоа треба да се изберат сорти на цвеќе кои не се многу чувствителни и кои се отпорни на ветар и сонце. Освен ова, треба да се познаваат и основните животни услови на одредени видови на растенија и да се води сметка на кое место се поставени.

Многу важно е да се знае на која страна на светот се свртени прозорците и балконите. Некои видови не поднесуваат силна сенка, па така во сенка или воопшто не цутат или пак цутат многу слабо. На други пак им пречи силното сонце. Затоа, при садењето и негата на овие растенија треба да им се посвети посебно внимание.

Види

Како успешно да пресадите растенија

Растението треба да се пресади тогаш кога ќе се утврди дека саксијата станала претесна за …