Почетна / Градина / Вести / Исчистете ја градината од прецветаните цвеќиња

Исчистете ја градината од прецветаните цвеќиња

Октомври е месец кога во природата се исклучително брзо се менува. Во градината сега треба леите да се исчистат од прецветаните цвеќиња, почвата треба да се обработи и да и се поправи нејзината структура и тоа со додавење на органски и минерални ѓубрива.

Стеблата на прецветаните многогодишни цвеќиња треба да се исечат на височина до околу 10 сантиметри, почвата околу нив треба тда се обработи по што треба да се наѓубри со органско ѓубриво. Од минералните ѓубрива треба се користат суперфосфатот и калиевиот сулфат.

Со првите есенски слани, гладиолите и далиите ќе ги снема, а малку потоа треба да се извадат клубените и луковиците од земја за да се заштитат во текот на зимата. Октомври е погоден за засадување на зимзелените дрвца и за подигање на тревници, бидејќи колкупобрзо се заврши таа работа, толку е подобро.

Не треба да се чека последен момент од балконот во станот да се внесат растенијата кои сакаат топлина. Кон крајот на овој месец е идеалното време за да ги засадите розите.

Види

Кој зеленчук се сее прв – тие толерираат пониски температури

На почетокот на пролетта, веднаш штом може да се култивира почвата, првиот вид зеленчук се …