Почетна / Градина / Вести / Интересни факти за сопствениците на миленици

Интересни факти за сопствениците на миленици

Прочитајте ги овие 8 интересни факти за сопствениците и нивните домашни миленици.

1. Општи заклучоци за видовите на домашни миленици и нивните сопственици, кои ги потврдија истражувањата се: сопствениците на риби се најсреќни, сопствениците на кучиња се најзабавни, сопствениците на мачки се зависни и најчувствителни, сопствениците на влекачи се најнезависни.

2. Разлики помеѓу луѓето кои одбираат кучиња и оние кои одбираат мачки за миленици навистина постојат. Луѓето кои повеќе сакаат кучиња се во просек 15 проценти повеќе екстровертни, 13 проценти попријатни и до 11 проценти посовесни од луѓети кои повеќе сакаат мачки. Оние кои повеќе сакаат мачки се 12 проценти поневротични и 11 проценти поотворени од луѓето кои одбираат кучиња за миленици.

3. Според истражувањата на научниците, луѓето често ја гледаат личноста на своите миленици како слика на сопствената личност, па најбрз начин за да дознаете каков е некој е да побарате од него да го опише карактерот на неговото домашно милениче.

Види

Азотот, калиумот и фосфорот – база за правилен развој

Nitrogen (N)- Азот. Мобилен и макроелемент. Има главна улога во развојот на растението. Со помош …