Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во септември 2017 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 0.1%, а кај аутпутот се бележи зголемување од 2.6%.
Во септември 2017 година, во споредба со септември 2016 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 100.0, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 99.0.
Во делот аутпут, во септември 2017 година, во споредба со септември 2016 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 103.5, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 100.8.