20.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Илјадници земјоделци сами си прават биодизел, полесно од ракија

Илјадници земјоделци сами си прават биодизел, полесно од ракија

Земјоделците можат да заштедат на гориво, така што ќе произведат сопствен биодизел. Неговите нуспроизводи, исто така, имаат голема употребна вредност

Користењето на биодизел, во споредба со фосилниот дизел, ја штити животната средина, така што го намалува ефектот на стаклена градина, а ја редуцира и емисијата на сулфурни оксиди, суспендирани честички и јаглен моноксид.

Денеска во Србија над илјада земјоделски призводители во своите домаќинства произведуваат биодизел од сончоглед, маслодајна репка и соја. Голем број земјоделци се решаваат да призведат биодизел за да заштедат на гориво, кое се користи за придвижување на моторите на тракторите и на разни други машини, пишува агроклуб.рс, соопшти Зелена берза.

Билните масла главна суровина за биодизел

Најважни суровини за производство на биодизел се маслата од маслодајна репка, сончоглед и соја. Биодизелот може да се произведе и од сите останати масла и масти од растително и животинско потекло. Маслодајната репка и сончогледот претходно мора да се исцедат на преса од која излегува масло и маслена погача, додека сојата пред самото цедење со преса мора да се испече. Потоа маслото се филтрира со гравитација. Таквото филтрирање е најевтино. На дното на садот се наталожуваат сите нечисти примеси кои настануваат при пресување на маслените култури. Во садот над талогот за 15 до 20 дена се добива чисто масло. Науката забележала дека биодизелот добиен од масло поволно влијае на моторот заради подоброто подмачкување и помалото абење, со што се продолжува животниот век на моторот на возилото.

Производство на биодизел

За производство на биодизел потребни се масло, метанол или етанол и натриум хидроксид или калиум хидроксид. По одлежување, маслото оди во реактор, се загрева, се додава катализатор кој е смеса од алкохол, метанол или етанол и каустична сода, или калиум хидроксид. Се меша еден час на температура од 60 степени и тоа е во суштина целиот процес.
Кога ќе заврши мешањето на маслото и катализаторот, така измешаното масло се остава да одлежи во буре еден ден, а за големо количество потребно е смесата да одлежи неколку дена. На крајот се добива биодизел, а како нуспроизвод се добива глицерин. Ништо не се фрла. Се што влегува во машината, практично се искористува.

Нуспроизводите на биодизелот се многу корисни

Споредните производи во производството на биодизелот се маслената погача и глицеринот. Маслената погача претставува важен извор на протеини за исхрана на домашните животни, а исто така има и значителни количини есенцијални масни киселини. Со додавање на маслена погача во пченкарното брашно се зголемува млечноста на кравите за 15 насто.
Суровиот глицерин е обично со чистота од 80 отсто и претставува почетна суровина во производство на чист фармацевтски глицерин, кој има широка примена во индустријата на лекови, во производството на смоли, целофан и експлозив. Глицеринот се користи во производство на козметички препарати бидејќи ја хидрира кожата, а особено се користи за производство на домашен сапун

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …