Warning: Error while sending QUERY packet. PID=17887 in /home/mojata/public_html/wp-includes/wp-db.php on line 1924
Хортензија – gradina.mk

Хортензија

Хортенизајата (Hydrangea macrophylla) потекнува од семејството Каменоломкови (Saxifragaceae). Матичната земја зе смета дека е Јапонија.

Може да се одгледува во голем сад. Нејзините огромни бели, розеви, црвени или сини соцветија се состојат од преубави одделни бои.

Периодот на цветање е во јуни и јули. Има и такви кои цветаат од март до мај, но тие се претходно одгледани од специјалисти од оваа област.

За растење најногу успева на полесенка со то што треба да се ѓубри од март до крајот на август и да се полива обилно, а потоа помалку. Хортензијата не поднесува многу калциум.

Прецутените цветови е потребно да се отстрануваат и по желба да се кастри. Презимува на светло или темно при 4-8 ° С. Во пролет може да се пресади и да се стави на посветло место.

Може да се калеми во мај месец.

Види

Дрвените перголи се еден од најубавите детали во просторот

Не постои полесен начин за релаксација и опуштање, од престој во убаво среден двор или …