28.03.2024
Почетна / Градина / Хортикултура / Хипоестес (Hypoestes)

Хипоестес (Hypoestes)

Тоа не многу популарно и интересно растение, а потекнува од островот Мадагаскар. Во својата татковина претставува висока до 1 метар зимзелена грмушка, но во затворени услови достигнува висина до околу 40-50 см, а на страна израснува до 30-40 см.

Цвета во средината на летото со ситни розови цвеќиња, кои не се со посебна декоративна вредност. Убавината на овој цвет се всушност шарените листови. Постојат сорти со зелени листови и розови точки, како и оние со розови листови и зелени точки.

Место: Хипоестесата претпочита светло, но не и изложување на директните сончеви зраци. Во зима, кога сонцето е послабо, можете да го поставите на источен или западен прозорец. Температурата треба да биде умерена – во лето околу 20-25 степени, а во текот на зимата не пониска од 15-16 степени.

Во текот на летото може да го изнесете во градина или на тераса, но под сенка. Внесетего дома во првата половина на септември – Хипоестесата е многу чувствителен на ниски температури и сув воздух.

Нега: Хипоестесата сака високата воздушна влажност, но не поднесува директно пулверизирање на листовите. Затоа добра идеја за зголемување на воздушното влажност, особено во топлите и суви летни денови, е да ја ставите саксијата над сад со вода што е покрената на камчиња. На овој начин испарувањето на водата ќе ја обезбеди на цвеќето потребната оптимална влажност.

Наводнувањето на Хипоестесата е умерено, а почвата секогаш треба да биде влажна. Погодна за одгледување на убаво и здраво растение е почвата супстрат составена од еднакви делови чимовка и песок. Составот на почвата треба да е со неопходната добра водопропустливост. Обезбедете и добра дренажа за истекување на вишокот вода во подлогата. Се ѓубри во топлите месеци на секои две недели со ѓубриво за листови – декоративни цвеќиња.

Размножување: Нај лесно е преку сечи во пролет. Вкоренувањето е лесно во песок на температура од околу 20 степени. Друг едноставен начин за размножување е преку семе. Семето се сее многу плитко, покриено со малку почва или песок. За да обезбедите оптимална влажност, покријте го садот со транспарентен материјал – домаќинска фолија.

Совет за градинари: Отстранете ги цветовите – декоративните ефекти на ова растение се во лисјата, а не во цветовите. Ако не ги отстраните цветовите, силата на растението оди во цветот, а стеблото станува издолжено, лисјата – ситни.

Види

Ги залепи саксиите една до друга, но кога ќе видите зошто и вие ќе го направите истото (Видео)

Работата во градината на многумина им причинува задоволство. Таа може значително да ви го разубави …