Почетна / Градина / Вести / Хидропоничен систем: Од урбан земјоделец до органски зеленчук во текот на зимата

Хидропоничен систем: Од урбан земјоделец до органски зеленчук во текот на зимата

Хидропоникс е метода на одгледување на растенија во вода која е богата со хранливи состојки и без употреба на почвата. Од високо-технолошкиот урбан земјоделец, денес може да расте свеж, органски зеленчук преку целата година во контејнери.

Ова претставува голем чекор во науката,а од особено значење е за потрошувачите кои сакаат органска храна. Голем број на ресторани веќе откупуваат и се заинтересирани за откуп на ваков тип на храна. Марулата, патлиџаните и другите производи можат да се сервираат свежи и во текот на зимата.

Со помош на хидропоничниот систем може денес секој да одлгедува лековита храна и зеченчук во својот стан. Се што треба е да ги поставите вертикално во низа и да бидат близу до прозорецот, поради потребата од светлина.

Главните предности се дека не е потребно растенијата да бидат засадени во почва и водата која ја користи растението, ја користат и другите растенија во низа и на тој начин и трошковите за вода се помали. Исто така, на овој начин се зголемува контролата на нивото на исхрана и се зголемуваат приносите.

Имајте во предвид и дека присуството на штетници и болести претежно се одвиваат во почвата, па на овој начин и полесно ќе го заштитите растението.

Види

Што ќе се случи кога ќе скршите јајце под вода?

Што ќе се случи ако скршите живо јајце под вода? Институтот за океанска наука од …