Почетна / Градина / Вести / Хибискусот дава прекрасна атмосфера дома и во градината

Хибискусот дава прекрасна атмосфера дома и во градината

Хибискусot (Hibiscus) е род со познати над 200 вида, дел од семејство Слезови (Malvaceae). Најраспространетите видови од овој род се кинеската и суданската роза.

Повеќето растенија потекнуваат од Азија, но некои растат и во Африка како диво растение.

Во Индија белиот хибискус се користи како лековито растение, а во Централноафриканските земји за производство на сокови.

Сириската роза e национално цвеќе на Јужна Кореја, а кинеската роза – на Малезија. Кинеската роза цвета речиси преку целата година и достигнува до 1 – 2 метри височина во домашни услови. Живее повеќе од 20 години. Цвета речиси преку целата година и достигнува до 1 – 2 метри во домашни услови. Живее повеќе од 20 години. Хибискусот е одличен пример за собно растение. Неговите цветови во принцип траат само еден ден – два, но со добро одлгедување можат да цветаат од пролет до есен.

Хибискусот има голем број на сорти, кои цветаат во бело, жолта, портокалова, розова или црвена боја. Егзотичните бои на хибискус се нарекуваат “цветови на љубовта” и тие се симбол на Хаити, а во Индија ги користат во свадбените церемонии. Уште на почетокот на XVIII век хибискусот бил пренесен од Кина каде красат многу ботанички градини во Европа. Има тврдења за кои се вели дека хибискусот се среќавал уште во XVI век во Италија. За нејзино одгледување е потребно да не биде директно изложена на сонце и на ветер. Цвета во текот на летото со преубави бои. Почвата каде е засадено ова растение треба да биде отцедлива, со добра дренажа. Расте добро дури и во градски услови. Најчесто одгледувани се:

Види

Индексот на цените во земјоделството кај инпутот е зголемен за 8.2 %, а кај аутпутот се бележи зголемување од 2.1 %

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во септември 2018 …