Ноември
За време на втората половина од месец Ноември, можете да престанете со ставање на цвеќето во плакар, и да го оставите целото време на прозорецот.
Сега е време на појавување на првите цветни пупку на Поинсетија.
Декември
Во Декември треба да се престане со ѓубрење, но продолжете со наводнување и третирајте го цвеќето на истиот начин како кога сте го довеле прв пат во својот дом. Доколку се се одвива како што треба, би требало повторно таа да цути и следната сезона.
Со години имаше лоша репутација бидејќи се сметаше за отровно растение. Секако дека не е препорачливо да се јаде или да се даде на животни. Внесувањето на Поинсетијата како храна може да предизвика грчеви во стомакот, што би и се случило со секое од домашните растенија во случај да биде изедено. Како и да е беше изложена на интензивно тестирање, што значи дека сеуште не е пронајден ниту еден доказ дека растението е отровно или опасно да се чува дома.
Поголема е веројатноста да се јави како проблем “контактен демартитис”. Имено, „Euphorbias“ е млечен сок кој излегува од стеблото кога е скршено. Опасноста е што некои луѓе се сензитивни на него, што може да предизвика надразнување на кожата и чешање. Бидете внимателни да не ги триете очите после допирот на цвеќето.
Јануари – Март.
Задолжително е Поинсетијата да се наводнува континуирано, односно да не се дозволува површината да биде сува. Април. Почнуваќи од 1-ви Април треба постепено да се намалува наводнувањето, дозволувајќи одреден краток период површината да биде сува. Бидете внимателни стебленцето да не почне да се суши и да се збрчкува. Тоа е знак дека растението е премногу стресно и умира. За недела или две, кога растението веќе се навикна на посуви услови, преместетого на поладно место, како на пр. подрум или потопла гаража. Препорачливо е да се чува на температура од 15 степени.