Почетна / Градина / Грижата за Поинсетија до есен

Грижата за Поинсетија до есен

Мај

Во средината на мај пресечете ги стебленцата за 10 см, и преместете го цвеќето во малку поголема саксија, во нова почва. Наводнете го добро.

Потоа, преместете го ново засаденото цвеќе назад на најсветлиот прозорец и потребно е повторно температурата да се прилагоди на висина од 18 – 25 степени.

Продолжете континуирано со наводнување, без да оставите подолго време почвата да биде сува. Набљудувајте го повторното растење на цвеќето.Штом ќе забележите дека цвеќето повторно излегува од почвата, започнете да го наѓубрувате секои две седмици. Најдобро е да ги следите препораките на етикетата за наѓубрување.

Јуни

Со почетокот на летниот период, најдобро е Поинсетијата да се изнесува надвор од домот. Внимавајте да биде сместено на место со делумна сенка и продолжете со наводнување и наѓубрување, како и претходно.

Јули

На почетокот од Јули ако не сте ги скратиле, скратете ги стебленцата за околу 3 см. Ова е со цел да се потикне растот и да се добие облик на витко и добро разгрането растение. Доколку не се скрати, цвеќето ќе расте високо и во широчина.

Август

Во почетокот на Август, Поинсетијата треба да биде разгранета и без лисја. Уште еднаш скратете ги новите стебла, оставаќи на секое стебленце по 3-4 ливчиња. Внесете го свеќето повторно внатре во домот и поставете го на најсветлиот прозор. Продолжете со наводнување и наѓубрување.

Септември

Во текот на Септември препорачливо е да се продолжи континуирано со наводнување и наѓубрување. До почетокот на Октомври, пожелно е да се чува цвеќето под целосна темнина во период од 17 – 8 h. Секое изложување на светлина за овај период ќе го одложи следното цветање. Можете да искористите некаква кутија што ќе ја спречи светлината за време на тој период. Многу луѓе ги сместуваат нивните цвеќиња во плакар, но доколку сепак светлината продира низ одредени пукнатини или доколку често го отварате плакарот, ќе влијае врз пупките и нивното цветање. Секако дека преку ден е потребно да се премести цвеќето на сончевиот прозорец и да се продолжи со наводнување и ѓубрење.

Октомври

Неизбежно е целосно да се овозможат потребните услови за нега на Поинсетија, со цел да се добие нејзината максималната убавина.

Види

Храна која доведува до предвремено стареење

Шпанскиот нутриционист Хелен де ла Фуенте Хидалго откри како да се избегне предвремено стареење. „Кога …