29.03.2024
Почетна / Совети / Градината на Деко

Градината на Деко

Многу години исполнети со настапи во медиумите и на саемските манифестации преку презентации на волшебниот скриен свет на минералите и негово приближување на јавноста во Македонија. Базичната замисла неочекувано добива нова димензија со откривањето на МАКЕДОНСКИОТ РУБИН и оформувaњето на новиот препознатлив елитен македонски производ.

Камен, Зебра, Лапислакули, Геода со Ахат и Горски кристал, Хризокол, Каванзит, Малахит, Цитрин, Сколецит

Хризокол – две обработени камчиња

Финално обработен во лабораторијата на ДЕКО, МАКЕДОНСКИОТ РУБИН станува деловен подарок или ексклузивно парче накит изработено според замислата на клиентот, рачно вграден во злато, сребро, златен или сребрен филигран.

Аметист

Хризокол, Каванзит, Малахит, Цитрин

Десет квадратни метри, лоцирани до строгиот центар на град Скопје, исполнети со бројни видови и вариетети на минерали, кристали и фосили од најпознатите светски наоѓалишта. И сето ова би била обична продавничка, како и многу други во светот.

Горски кристал – природно оформена кристална призма

Но, низ годините на неговото постоење, енергијата на кристалите вкрстена со ентузијазмот на вработените и посетителите е вградена не само во камчињата, туку и во мебелот, витрините и ѕидовите. Како целото маало да има стекнато повозвишена вибрација и мир.

Каванзит со Стилбит

Многу млади луѓе се инспирираат и едуцираат додека уживаат пред излогот.

Македонски рубин во злато 14к

Ако си заборавите наочари, чадор, кредитна картичка, новчаник или друг дел од облека, ги чуваме долго…. А можете и да си го ставите на скришно место камчето што Ви се бендисало, ако немате пари да си го купите веднаш.

Лабрадорит

Цитрин, Сколецит во позадина

Лапислацули

Македонски рубин со сребрен филигран

Кликнете за кај Деко

Види

Ако видиш смрдливка НЕ ЈА УБИВАЈ! Погледнете што значи тоа!

Ние веруваме дека на многу луѓе им пречат некои инсекти кои влегуваат во вашиот дом, …