Почетна / Градина / Вести / Градинарството и готвењето штитат од деменција

Градинарството и готвењето штитат од деменција

Градинарството, готвењето, групните активности и дискусии можат да го забават развојот на деменцијата, покажува анализата на 15 студии на оваа тема.

Научниците дошле до заклучок дека ваквите активности помагаат за постепено подобрување на меморијата и квалитетот на животот на оние што страдаат.

Студијата вклучила 700 лица со лесна до умерена деменција или Алцхајмерова болест.

Околу половина од учесниците добивале когнитивна стимулација и учествувале во групни активности неколку пати неделно.

Се чини дека оваа група доброволци има повисоки резултати на когнитивните тестови, во споредба со оние кои земаат лекови или физикална терапија.

Тие покажуваат и подобрувања во комуникативни вештини и општата благосостојба. Когнитивнита стимулација се разликува од обичната “мозочна обука”, како што се решавањето на загатки, објаснува професорот Боб Вудс од Универзитетот во Бангор, шеф на истражувањето. Можно е таа да се состои од сесија на неколку активности кои вклучуваат игри со зборови, загатки, дискусии за споделување на спомени или извршувањето на активности како готвење и градинарството, додава експертот.

Види

Кученце ги пронаоѓа најбесните кучиња за да може да си поспие на нив (Фото)

Ова куче по име Една си има своја рутина, а таа е прилично иста секој …