18.04.2024
Почетна / Uncategorized / Градинарство во Зима

Градинарство во Зима

Потоа да го покриете растението со пластичен најлон и на врвот да биде повисок (во вид на ѕвоно) со цел да му се даде повеќе простор за растење. Тоа секако дека ќе обезбеди заштита за време на зимскиот период, но имајте во предвид дека на екстремно ниски температури, иако покриено, растението ќе биде изложено на ризик од мрзнење. Во секој случај најдобра зимска заштита на секое растение е прекривка од ѓубриво. Имено, ѓубривото обезбедува минерали за растението додека пак улогата во вид на покривка ја штити почвата од брзо замрзнување.

Исто така, можете да го измешате ѓубривото во почвата и да го насеете семете одозгора. Како совет не ставајте премногу вештачко ѓубриво богато со азот, со што непотребно би го забрзале растот на растението. Со тоа растението кое побрзо е пораснато, пребрзо би се ставило на ризик кога температурите нагло ќе паднат. Покрај се, постои и еден недостаток поврзан со начинот на кој се прекриваат растенијата со цел заштита од студ. Тоа им создава топли и влажни услови и на тревите кои не се пријатели на вашите растенија.

Останува да уживате во вашите омилени растенија кога зимските температури ќе дојдат во вашата средина.

Види

Денес започнува петтото издание на Музичкиот Фестивал Андерфест Скопје

На овој ЈУБИЛЕЈ публиката ќе може да ужива во музиката од алтернативната, рок, панк рок, …