Почетна / Градина / Вести / Градинарство – лек за опуштање, енергија и елан за животот

Градинарство – лек за опуштање, енергија и елан за животот

Потврдено: растенијата имаат мошне поволно влијание врз оние кои се занимаваат со нив.

Тие го пречистуваат воздухот, ги впиваат токсичните материи и како филтер го отстрануваат градскиот смог. Се одгледуваат лековити, зачински билки, зеленчук.

Одгледувањето се покажа особено благотворно кога се работи за лица наклонети на чести промени на расположението, мрачни мисли и депресии.

Д-р Бенџамин Раш, американски психијатар (18. век), забележал дека градинарството ги ублажува сите видови на напнатост и ги отстранува негативните емоции, како стравот, лутината, тагата и незадоволството. Денес градинарството во стручните кругови е признато како мошне делотворно терапевтско средство.

Понови истражувања покажуваат дека веќе и самиот престој во близина на зелени површини го подобрува квалитетот на животот. Благодарените на своите бои, формите и мирисите, цветната градина го поттикнува внатрешниот мир и рамнотежата, активира скриени потенцијали, ја поттикнува креативноста и мотивира. Работата во градина опушта и ослободува од стрес, и успешно лечи големи и мали „животни гребнатини и рани“. Со сеењето, засадувањето, посматрањето на растењето и обновувањето на природата човекот добива волја за ширење на сопствените потенцијали, па така станува позадоволен.

Но, градината не е само мевлем за душата. Грижата околу растенијата подразбира низа физички активности. Залевањето, скопувањето, прскањето, плевењето се делотворни против тегобност, помагаат да го исполните денот и да се чувствувате корисни. Градинарството може да помогне и да се ослободите од чувство на несигурност во друштво. Тоа го олеснува контактот со луѓето, а поделбата на задолженијата и заедничката работа олеснуваат да се победи срамежливоста Потврдено е дека работата со растенија позитивно дејствува врз концентрацијата. Кај лица со инвалидитет можноста да се грижат за растенијата им ја зголемува вербата во нивните сопствени способности. Јапонски научници сметаат дека луѓето кои живеат во улица во која има дрвја или во близина на парк имаат добри шанси подолго да живеат и да бидат поздрави. Ако сакате да се чувтсвувате помлади, почнете да се занимавата со градинарство. Ова го сугерира најновото истражување од два тексашки универзитета. Имено, се чини дека работата во градина и околу цвеќиња на лица над 50 години старост им дава повеќе волја за живот, како и енергија, одошто е тоа случај кај луѓе кои со тоа не се занимаваат. Освен тоа, градинарите се повеќе организирани и оптимистични. Околу 71% од нив тврдат дека не се чувствуваат стари, во споредба со 57% од другите луѓе. Натаму, градинарите се чувствуваат многу поенергични, повеќе се движат и телесно се, но и ментално поактивни. Луѓето кои дел од своето време трошат на уредување на градина исто така тврдат дека се позадоволни од животот. Исто така, тие почесто јадат здрава храна, свежо овошје и зеленчук. Сите тие факти, во комбинација со телесната активност, резултираат со поздрав начин на живеење и зголемен квалитет на животот воопшто. Британското здружение„Thrive“ тврди дека градинарството е добра тераписка алтернатива. Кети Рикус работела како терапевт 8 години пред да стане водителка на тренинг и едукација во здружението: „Градинарството луѓето ги поврзува со природата, тоа е жив медиум. Во нашето здружение работиме со луѓе со различни проблеми, а градинарството е алтернативна терапија која овозможува физичка и психичка промена.

Види

Што ќе се случи кога ќе скршите јајце под вода?

Што ќе се случи ако скршите живо јајце под вода? Институтот за океанска наука од …