24.04.2024
Почетна / Градина / Градинарскиот центар Хорти Експерт МК има потреба од продавач во Гарден центар

Градинарскиот центар Хорти Експерт МК има потреба од продавач во Гарден центар

Компанијата Хорти Експерт Урбан Груп е основана во 1992 година од г. Мите Филков под името “Флорамико”, која во тоа време е лидер во работењето со украсни собни растенија и репроматеријали за цвеќарството.
Во 2000 година компанијата” Флорамико” се ребрендира и го менува името во Хорти Експерт Урбан Груп.

Хорти Експерт Урбан Груп денес е водечка компанија во областа на хортикултурно уредување на објекти за живеење, резиденцијални и деловни објекти и јавни парковски површини и производство на декоративен саден материјал, како во Македонија така и во регионот, особено во Грција, Австрија,Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Косово.

Компанијата денес има сопствен производствен центар за декоративни садници и егзоти и два гарден центри во главниот град Скопје, како и расадник за производство и доодгледување на декоративни садници на површина од 100.000 м2 во Богданци.

Хорти Експерт МК поради зголемен обем на работа во Скопје има потреба од продавач во Гарден центар, со завршено средно или високо образование (земјоделски или шумарски факултет). За повеќе информации обратете се на телефонскиот број 070 390 400

 

Види

Балканот „полуде“ по оваа билка: Носи десетици илјади евра заработка, а расте секаде

Аронијата во последно време стана исклучително популарна и барана, а според зборовите на експерите нашите …