Градинарската чубрика (Satureja hortensis L.) е култивирано растение за потребите на кулинарството, претежно како зачин и лековити средства.
Корисен дел се надземните делови кој се берат за време на цветањето – од јули до октомври. Се сушат на сенка или во машина за сушење алишта.
Во својот хемиски состав содржат етерично масло, терпен, танини, слуз материи и др.
Поседува специфичен мирис. Има својство да ги отстранува гасовите од цревата. Постари податоци покажуваат дека таа била сигурно средство против некои видови глисти.
Околу 2 лажици од растенијата се попаруваат со 400 мл врела вода. Така треба да отстои 1 час, па се прецедува и се пие по 1 чаша пред спиење 3 пати на ден.