29.03.2024
Почетна / Градина / Градина во Вевчани плени со својата убавина: Одгледувањето на цвеќето едноставно те релаксира (Фотографии)

Градина во Вевчани плени со својата убавина: Одгледувањето на цвеќето едноставно те релаксира (Фотографии)

Да си опкружен со различни цвеќиња, тревки и дрвца е чувство на среќа, хармонија, смиреност, велат сопствениците на оваа преубава градина Наташа и Жарко Мурџески која се наоѓа во Вевчани.

Од фотографиите подолу може да се забележи дека тие секојдневно се грижат за градината со многу љубов.

„Одгледувањето на цвеќето едноставно те релаксира“, вели Наташа за gradina.mk.

„Еден дел од цвеќињата бидејќи се едногодишни после доцна есен се фрлаат, а повеќегодишните ги чуваме во една поголема просторија каде се заштитени од премрзнување, а пред да ги внесеме ги шишаме и им ставаме ѓубриво. Во текот на зимата ги наводнуваме еднаш месечно“, објаснува Наташа околу одгледувањето на нивната градина.

Инаку членови на семејството се и нивните три мали деца кои уште од сега појавуваат љубов кон цвеќето.

Погледнете ги фотографиите од нивната градина:

Види

Ако видиш смрдливка НЕ ЈА УБИВАЈ! Погледнете што значи тоа!

Ние веруваме дека на многу луѓе им пречат некои инсекти кои влегуваат во вашиот дом, …