Градината на „Изгубените“ се наоѓа во Хелиган близу Корнвол, Велика Британија. Оваа градина е еднa од најпопуларните ботанички градини во Велика Британија.
Стилот е типичен за 19тиот век од кога и потекнуваат голем број на растенија.
Овие градини припаѓаат на 400 годишната фамилија во Англија, Тремејн.
Овде може да се најдат езера, цвеќиња, егзотични растенија, зеленчукови градини и области со многу дива природа.
Пред првата светска војна во овие градини работеле 22 градинари кои ги одржувале градините, за што зборуваат и самите растенија засадени тогаш, па и порано.