Почетна / Градина / Храна / Го открија чудото на долговечноста – доволно е по едно на ден

Го открија чудото на долговечноста – доволно е по едно на ден

Стара поговорка вели “Едно јаболко на ден го држи докторот подалеку од мене” а таа уште еднаш беше потврдена откако британско истражување покажа дека плодот е скоро толку ефикасен како и апчињата, за превенција од инфаркт и мозочен удар, пишува весникот ” Daily Express “, пренесе Мојата убава градина.

Авторите на студијата од Оксфордскиот универзитет пресметале дека ако сите возрасни над 50 години поткаснуваат по едно јаболко дневно, ќе бидат спречени околу 8500 смртни случаи годишно.

За споредба – ако луѓето на иста возраст започнат да прифатат намалување на холестеролот, ќе бидат санирани околу 9400 животи годишно.

Истражувањето покажува колку ефикасни можат да бидат мали промени во исхраната, вели шефот на истражувачкиот тим д-р Адам Бригс.

Јаболката одамна се познати како природен извор на антиоксиданси и флавоноиди корисни за здравјето

Види

Започна октомвриската овошна акција во Фоја: За купени 2 овошки, третата ја добивате гратис

Агрометеоролозите велат дека неделава има идеални услови за садење на овошки и лозја.  Дневните температури …