10.02.2025
Почетна / Градина / Вести / Го носат принцезите и естрадните ѕвезди: Зошто треба да си набавите барем едно камче „Сафир“
www.gemrockauctions.com/

Го носат принцезите и естрадните ѕвезди: Зошто треба да си набавите барем едно камче „Сафир“

Сафирот е син драгоцен камен, еден од вариететите на минералот корунд (Алуминиум оксид). Името доаѓа од латинскиот збор sapphiru, што значи син. Поредок вид е “Сафирот ѕвезда” кај кој кристалната структура е таква што при фокусирано светло од било кој правец во рефлексијата се покажува ѕвезда со 6 зраци. Другиот вариетет на на минералот корунд е каменот Рубин кој е најчесто црвен. Сафирот се смета за еден од четирите највредни благородни камења заедно со рубинот, смарагдот и дијамантот. Кај нас може да си го набавите во продавничката Македонскиот Рубин-ДЕКО.

Историјата на сафирот датира уште од 7.век п.н.е., кога го користеле Етрурците, а после нив Грците и Римјаните, кои го носеле од Индија. Гемолошкиот институт во градот Коломбо од Сри Ланка, има пронајдено примерок од 1.404,49 карати! Вредноста на сафирот е проценета на 100 милиони долари, а моменталниот сопственик верува дека на аукција ќе биде продаден за 175 милиони долари. Годишниот обрт на индустријата на скапоцени камења во Шри Ланка изнесува 103 милиони долари, а сафирите се најзастапени во извозот. Сините ѕвездени сафири се именувани по препознатливата ѕвезда во средниот дел на обработената страна. Свршеничкиот прстен на Лејди Гага беше направен од редок, розов сафир опкружен со поситни дијаманти, сличен на оној што Кејт Мидлтон го наследи од принцезата Дајана. Розовиот сафир на Лејди Гага тежи 7 карати, додека оној на Кејт е 12 карати.

www.gemrockauctions.com/

Сафирот е скапоцен камен со темно сина боја кој е вариетет на минералот корунд (алуминиум оксид: α-Al2O3). Присуството во трагите на други хемиски елементи како железо, титаниум или хром, придонесуваат да добие сина, жолта, розова, портокалова или зеленкаста боја. Присуството на чист Хром му дава црвена боја на корундот кој тогаш се вика Рубин. Како и да е, комбинацијата од на пр. хром и титаниум може да му дадат на сафирот боја различна од црвената. Сафирите се најчесто носени во накит. Во природата, може да се најдат на места -т.н. секундарни лежишта – каде се наталожиле транспортирани од процесите на ерозија. Се разликува од другите минерали во наносот по својата подобро сочувана форма што се должи на поголемата тврдина која изнесува ” 9 ” по скалата на Мос, и е најтврдиот природен минерал по дијамантот. Некогаш се наоѓа во карпите во кои е создаден. Тоа се нарекува “примарно наоѓалиште”.

Поради високата тврдина на сафирите и рубините, тие се употребуваат и во индустријата за абразивни материјали, за лежишта за лагери кај часовниците, но и за изработка на оптички компоненти за научни инструменти: високо-издржливите стакла исто така употребени во науката. Ласерскиот Зрак е добиен со проекција на сноп светлина низ кристал на рубин. Основните карактеристики на енергетското влијание на Сафирот се: достигнување благосостојба, уживање и прифаќање на лекциите кои ни ги приготвува судбината. Ова е моќен камен кој го поттикнува нашиот пат на лична еволуција кон сопствената добра судбина. Помага во моменти на депресија и други психички проблеми. Инспирира љубов и верба во Учителот и во вистината. Тој ги поттикнува процесите на оздравување и ги ублажува болките и фебрилните состојби.

Повеќе информации ТУКА.

Види

Приказна за цвеќињата во букет: Кон крајот на летото, сите цвеќиња во градината сакаа да дознаат кое цвеќе е најубаво

Кон крајот на летото, сите цвеќиња во градината сакаа да дознаат кое од нив е …