Почетна / Градина / Глуварче (Taraxacum officinale Web.)

Глуварче (Taraxacum officinale Web.)

Глуварчето (Taraxacum officinale Web.) расте низ целата земја односно по ливадите, пасиштата, нивите, градините и парковите. Кориснен дел е целото растение заедно со коренот.

Во медицинската пракса се користат главно корените. Надземните дел на растението се собираат пред цветањето од мај до јули, а корените – по овенувањето на растението во септември.

Се суши на сенка или во машина за сушење на температура до 40° С.

Во својот хемиски состав содржи тритерпени, стероли и гумени материи. Корените содржат уште гликозиди, инулин, фенолни киселини и др., а лисјата и цветовите каротиноиди, флавоноиди, витамините Б2 и Ц, провитамин А.

Ја подобрува функцијата на желудникот и ја зголемува гастричната секреција, ја засилува цревната перисталтика, го подобрува метаболизмот, ја зголемува деноноќно количеството урина, го зголемува мајчиното млеко, го намалува холестеролот.

Околу 2 лажици ситно сечкани корени или листови се ставаат во 500 ml ладна вода. Киснат 8 часа. Се прецедува и се пие по 1 чашка кафе пред јадење 3 пати на ден.

Види

Болест ја уништува бананата во Латинска Америка – најголемиот извозник во светот

Болест ја уништува банана, во Латинска Америка, најголемиот извозник на банани. Мувлата Fusarium TR4 попозната …