25.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Глобален извештај за кризи со храната ги открива размерите на кризите со храна во време кога КОВИД-19 предизвикува нови ризици за ранливите земји

Глобален извештај за кризи со храната ги открива размерите на кризите со храна во време кога КОВИД-19 предизвикува нови ризици за ранливите земји

Денеска, меѓународна алијанса на Обединетите нации, владини и невладини агенции кои работат на решавање на основните причини за екстремна глад, објавија ново издание на нивниот годишен Глобален извештај за кризи со храната.

Извештајот на Глобалната мрежа против кризи со храната, заедно со клучните наоди, изјави од партнерите и мултимедијалните материјали во врска со неговата содржина, сега се достапни на:

Клучни наоди од Глобалниот извештај

Во извештајот се наведува дека на крајот на 2019 година, 135 милиони луѓе низ 55 земји и територии се соочиле со акутна несигурност на храната * (IPC / CH фаза 3 или погоре). Дополнително, во 55-те земји соочени со прехранбени криза, опфатени со извештајот, 75 милиони деца биле со застој во развојот, а 17 милиони страдале од прекумерно слабеење во 2019 година.

Ова е највисоко ниво на акутна несигурност на храната * и неухранетост документирано од Мрежата од првото издание на извештајот во 2017 година.

Дополнително, во 2019 година, 183 милиони луѓе се класифицирани во состојба на Стрес (IPC/CH  фаза 2) – во услови на акутен глад и во ризик да преминат во состојба на Криза или полошо (IPC/CH фаза 3 или погоре) доколку се соочат со шок или стрес, како што е пандемијата КОВИД-19.

Повеќе од половина (73 милиони) од 135 милиони луѓе опфатени со извештајот живеат во Африка; 43 милиони живеат на Блискиот исток и Азија; 18,5 милиони живеат во Латинска Америка и Карибите.

Клучните двигатели на трендовите анализирани во извештајот се: конфликт, (клучен фактор што турка 77 милиони луѓе во акутна несигурност на храната), екстремни временски појави (34 милиони луѓе) и економски турбуленции (24 милиони).

Види

Колку ветерот може да биде од корист?

Ветрот е движење на воздухот од подрачје со висок притисок кон подрачје со низок притисок. …