20.04.2024
Почетна / Градина / Хортикултура / Гинура (Ginura) – украсно растение, погодно за висечките кошници или саксии

Гинура (Ginura) – украсно растение, погодно за висечките кошници или саксии

Гунурата е украсно растение, погодно за висечките кошници или саксии. Потекнува од Југоисточна Азија.

Стеблата и листовите на гинурата се цврсто покриени со кратки јарко-лилави листови. Цвета со жолти цветови кои имаат непријатна миризба, затоа најпогодно е да се одгледува надвор доколку има услови.

Бара доста сонце и доколку го одгледувате во градината, тогаш најдобро е во жешките денови во лето, да го преместите на сенка.

За гинурата потребно е да обезбедите силна светлина и постојана влажност на почвата. Во текот на зимата наводнувањето сведете го на минимум. Минималната температура за опстанок е од 10 – 15 степени. Додека е младо растението редовно кастрете го, за да биде добро разгрането. Токму тогаш убавината доаѓа до израз.

Не се препорачува мокрење на листовите. Се размножува преку резници и тоа во пролет или 1) есен. Резниците најдобро е да бидат посадени со мешавина на тресет и песок. Најпопуларни видови се Гинура сарментоза (Ginura sarmentoza) (слика 1) и Гинура ауратниака (Ginura auratniaka).

Види

Рафлесија – најголемoто цвеќе во светот

Ова растение се нарекува Рафлесија „Rafflesia arnoldii“ и може да се најде во дождливите шуми …