19.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Галичник – едно од најстарите села во мијачкиот предел
Poster 01

Галичник – едно од најстарите села во мијачкиот предел

Галичник е село во западниот дел на Република Македонија. Се наоѓа на падините на планината Бистра, во центарот на мијачкиот регион на надморска височина од 1270 до 1450 метри и е опкружен со пасишта.. Се смета за едно од најстарите села во мијачкиот предел.

Галичник е познат по „Галичката свадба“, што се одржува секоја година на селската слава – Петровден. За време на свадбата, се игра „Тешкото оро“ – што го симболизира надминувањето на тешкотиите во животот.

Во селото има три цркви и тоа посветени на „Св. Петар и Павле“ – централната селска црква, изградена во 1930 год., црква „Св. Петка“ црква од 19 век и црква „Рождество на Пресвета Богородица“ – најновата селска црква.

Архитектурата е една од главните обележја на Галичник. Куќите се претежно во форма на кубус со благ пирамидален кров и градени на две, а подоцна и на три катни висини. Првите катови сее т.н. тремови – штали за добиток и темни визби. Вторите катови се главните станбени простори а третите катови се спалните. Некои куќи имаат и шарени одаи, кои служеле за прием на гости.

Во минатото, економијата на Галичник се базирала на овчарството, а денес Галичник е само туристичка дестинација, бидејќи локалните жители одамна го имаат напуштено како трајно живеалиште.

Во Галичник има доволно места за шетање, има понуда на јавање со коњи, одење до бачило, патеки за прошетки, а од скоро има и обележана планинарска патека до карпата над селото.

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …