Почетна / Градина / Храна / Габичката Кири е вистинска вијагра

Габичката Кири е вистинска вијагра

Габичката Кира Јари расте во мртвите гасеници кои можат да се пронајдат само на Хималаите, а во многу земји се користи како афродизијак.

Ретката габа која ги убива гасениците, а потоа расте во нивните тела, во некои земји се користи како средство за зајакнување на машката потенција.

Габата ја стекна популарноста не само поради нејзиното дејство, туку и поради профитот што го донесува. Само една мртва гасеница (во која има ваква габичка) чини околу 3 долари, што во Индија е целодневна плата на физички работник.


Габата ја инфицира својата жртва, а подоцна расте од главата. Ретка е и може да се најде само на Хималаите, и тоа откако снегот ќе се истопи, во текот на мај или јуни.Индијците ја користат оваа габичка воглавно како физички стимуланс во спортот, а во Кина се користи како лек за либидото.

 

Види

Најздравата диета: Диета со јаболка или здраво губење килограми

Диетата заснована на три јаболка дневно ја смислила американската нутриционистка Теми Флин. Нејзина идеа е …