Почетна / Градина / Вести / Француски Невен (Tagetes patula)

Француски Невен (Tagetes patula)

Францускиот невен уште познат како „Кадифица“ (Tagetes patula) е вид од фамилијата „Asteraceae“.

За татковина се смета Јужна Америка. Ова е годишно растение, кое расте до некаде 0,3 метри.

Ова е растение кое цвета преку целото лето, поточно од Јули до Октомври, а се сади во септември. Цвеќињата се хермафродитни (има и машки и женски органи).

Листовите на невенот се обложени со мрсни жлезди кои произведуваат мирис. Овие растенија привлекуваат многу пчели и други инсекти поради високата содржина на нектар. Се среќаваат повеќе бои. Можат да бидат: портокалово-црвена, светло жолта или златна.

Се смета дека има лековито дејство, особено доколку се јави крварење од носот кај луѓето. Маслото наоѓа широка примена во парфимеријата. Бара да биде одгледувано на сончева експозиција на балконите или во градините.

 

Види

Есенско сузбивање на плевели

Сузбивањето на плевелите е една од најзначајните агротехнички мерки во процесот на производство на житни …