Почетна / Градина / Француски Невен (Tagetes patula) – цвета преку целото лето до октомври

Француски Невен (Tagetes patula) – цвета преку целото лето до октомври

Францускиот невен уште познат како „Кадифица“ (Tagetes patula) е вид од фамилијата „Asteraceae“.

За татковина се смета Јужна Америка. Ова е годишно растение, кое расте до некаде 0,3 метри.

Ова е растение кое цвета преку целото лето, поточно од Јули до Октомври, а се сади во септември. Цвеќињата се хермафродитни (има и машки и женски органи).

Листовите на невенот се обложени со мрсни жлезди кои произведуваат мирис. Овие растенија привлекуваат многу пчели и други инсекти поради високата содржина на нектар. Се среќаваат повеќе бои. Можат да бидат: портокалово-црвена, светло жолта или златна.

Се смета дека има лековито дејство, особено доколку се јави крварење од носот кај луѓето. Маслото наоѓа широка примена во парфимеријата. Бара да биде одгледувано на сончева експозиција на балконите или во градините.

Види

Градини за мал простор: идеи како да имате мала, убава градина (Фото)

На фотографиите подолу можете да видите дека не вие потребна површина за да имате убава …