Овој малку чуден фикус потекнува од Кина. Претставува ползечко растение со многу мали ливчиња. Најситен е од фикусите. Прекрасно се развива и во височина може да достигне до 40-50 см, а во широчина достигнува до 30-40 см. Се користи како почвопрокривно растение во композиции со други цвеќиња.
Место: Фикус Пумила сака светло, но не и изложување на директните сончеви зраци. За потребата од сончева светлина може да видите по бојата на листовите – пестролистниот фикус Прумила претпочита посветла, а со зелени листови – место со повеќе сенка. Температурата на местото каде што ќе го одгледувате овој фикус треба да биде умерена – во лето околу 20-25 степени, а во текот на зимата не пониска од 10 степени.
Нега: Фикус Прумила претпочита висока воздушна влажност. Во жешките летни денови пулверизирајте ги редовно листовите. Наводнувањето во текот на летото е обилно, а во зима почвата треба да биде постојано влажна. Обезбедете водопропуслива почва и добра дренажа на саксијата, со цел истекување на вишокот вода. Најважно е никогаш да не дозволувате почвата да се исуши. Соодветен почвен супстрат за одгледување на фикус Прумила е еднаков на градинарска почва и песок. Се ѓубри на секои две недели со ѓубриво за лист-декоративни растенија.
Размножување: Во пролет преку сечи кои се вкоренуваат во почва или вода.
Совет за градинари: Исклучително лесни за одгледување, затворени цвеќиња, погодни и за почетници.