Почетна / Градина / Вести / ФАО ЕуФМД ја поддржува Агенцијата за храна и ветеринаство во справување со болеста Лигавка и шап

ФАО ЕуФМД ја поддржува Агенцијата за храна и ветеринаство во справување со болеста Лигавка и шап

Во периодот од 3 до 6 Декември во Струмица, Европска комисија за контрола на болеста лигавка и шап (ЕуФМД) при Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации (ФАО) заедно со Агенцијата за храна и ветеринарство одржуваат Симулациска вежба за лигавка и шап, чија цел е јакнење на капацитетите на земјата за спроведувањето на брз и ефикасен одговор за превенирање, сузбивање и искоренување на болеста.

Како што информира на отворањето на вежбата, директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, болеста одамна не е присутна кај нас, но и покарј тоа континуирано се преземаат мерки за тесирање на системот на подготвеност во справувањето со оваа болест која е високоинфективна, брзо се шири и предизвикува огромни штети во сточарството.

Атанасов истакна дека за спроведувањето на Симулациската вежба на Агенцијата и Еу ФМД при ФАО информирана е и Светската организација за здравствена заштита на животните и Европската комисија. “Последниот евидентиран случај на оваа болест во Република Македонија е во 1995 година. Бидејќи е високопатогена, оваа болест има приоритет во светски рамки. Вброена е на листата на топ десет болести за кои треба да се прават планови за итни мерки”, истакна тој.

Европската Комисија за борба против лигавка и шап при ФАО и помага на Агенцијата да земе учество во т.н. Патека на подготвеност, во која и Република Македонија е една од пилот земјите каде се спроведуваат вакви симулациони вежби. Според директорот Атанасов, целта на вежбата е проверка на планот на земјата за итни мерки за справување со оваа болест со цел да се утрди дали има и кои се недостатоците, и да направи корекција на истите, со цел обезбедување на висок степен на заштита од ширење на болеста при евентуална нејзина појава.

Во регионот болеста е присутна во Турција. Атанансов објасни дека врз основа на склучен трипартитен договор, се прават скрининг методи во рамки на посебно дизајнирана програма која се спроведува во регионот на Туција, Грција и Бугарија и има за цел рано откривање на болеста и спречување на нејзино ширење во регионот.

Изминативе неколку месеци ЕуФМД при ФАО и Агенцијата за храна и ветеринарство активно работеа на подготовка на оваа симулациска вежба која има за цел тестирање на воспоставените процедури и плановите за итни мерки за справување со оваа болест. Покрај теоретскиот дел од вежбата, се спрооведува и практичен дел од обуката директно на фарма. “Во текот на вежбата, непосредо вклучените лица во спроведувањето на плановите за итни мерки за справување со Лигавка и шап, ќе имаат можност да го подобрат своето теоретско и практично знаење во борбата со оваа болест”, изјави Даниел Донакеј, одговорен за здравствена заштита на животните во Европска комисија за контрола на болеста лигавка и шап при ФАО.

Учесници на вежбата се околу 40 претставници од Секторот за инспекциски надзор, официјални ветеринари, претставници од секторот за здравствена заштита и благосостојба на животните, претставници од национална лабораторија при ФВМ, претставници од македонската ветеринарна комора и ветеринарните друштва.

Европската Комисија за борба против лигавка и шап е една од најстарите комисии на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), која обезбедува обемна програма за поддршка и обука за своите земји-членки и за пошироките региони преку нејзиниот аранжман со децентрализирани канцеларии на ФАО.

Види

Арека палма (Chrysalidocarpus lutescens)

Овој род опфаќа над 20 едностеблени или многостеблени палми. Стеблата на некои видови, досигнуваат и …