05.07.2022
Почетна / Градина / Фантазија или реалност?! Хидропонично производство на зеленчук 1 ха = 350-400 тони домати

Фантазија или реалност?! Хидропонично производство на зеленчук 1 ха = 350-400 тони домати

Хидропоничниот систем е одличен за одгледување во Македонија. Со него се добива квалитетен и здрав зеленчук одгледуван со интегрална заштита каде што инсектицидите се исклучени од употреба и приносот е далеку поголем отколку со конвенционалниот начин на производство.

Новите технологии на одгледување градинарски производи не се застапени во македонското земјоделско производство.

Тоа е една од причините поради кои немаме конкурентен производ на странските пазари, каде што се бараат и во квантитет, но и во квалитет, домати, пиперки, краставици.

Македонија земјоделската површина е расцепкана, нема организиран, пласман и производство, сè уште се оди со застарено производство, непостоење на здрав дијалог помеѓу производителите,преработувачите и владините институции, ние и не можеме бидеме земјоделска држава.

Хидропоничниот систем е метод на одгледување на растенија каде што коренот расте во вода и се додаваат хранливи материи.

Доматите во пластениците и стаклениците се садат кон крајот на август. Првиот плод го даваат кон крајот на октомври и се берат цела година, односно до идниот август. Просечното производство на овој начин на 1 ха = 350-400 тона домати.
Позитивните карактеристики што ги нуди овој метод се повеќе од доволни. За споредба, кај класичниот метод на одгледување, во почвата се одвива биолошкото разградување на органската материја, каде што со помош на водата, растворените хранливи состојки, преку коренот, влегуваат во растението. Во случајот на хидропоничните

системи, водата се збогатува со сите потребни хранливи материи и се добива квалитетен и здрав производ.

Автор на текстот: Тодор Лонго

Види

Ако сте од љубителите на егзотичните цвеќиња – Кој е цветот на страста?!

Ако сте од љубителите на егзотичните цвеќиња, пасифлората е токму за вас. Различна и убава …