19.04.2024
Почетна / Градина / Факти и митови поврзани со отровните растенија

Факти и митови поврзани со отровните растенија

Кога сме меѓу природата и се насладуваме на чистиот воздух и убавата глетка треба да сме и исклучително внимателни со отровните растенија кои се наоѓаат слободно во шумите, полjaните и градините.

Ви нудиме неколку митови и факти за дејството и опасноста од отровните растенија кои можат да бидат од голема корист при средбата и контактот со нив. Факт е дек отровните растенија се насекаде: отровниот бршлен, отровниот даб и отровната смрадлика се среќаваат во шуми или мочуришни области.

Растенијата не се многу токсични, но тие содржат долготрајна леплива путер, наречена урушиол (urushiol), што предизвикува чешање, црвенило и појава на меури на кожата. Отровниот бршлен и даб растат како лозја и грмушки, а отровната смрадлика како грмушка или дрво.

Се смета за погрешно дека отровните растенија имаат само по три листови. Отровниот бршлен е единствената отровна билка со три листови. Тие се сјајни, мазни и малку назабени по рабовите. Останатите отровни растенија, како отровниот даб и отровната смрадлика се или со едно или со 7-13 лисја.

Реакцијата од отровот не мора да значи дека ќе биде моментална и ќе настапи веднаш. По контакт со некој од отровните растенија, се добива чешање или црвенило во рок од 24-72 часа. Симптомите можат да се задржат за период од една или повеќе недели. Отровниот бршлен, даб или смрадлика водат до појава на црвени дамки или ленти со меурчиња. Обично реакцијата не се шири по целото тело, освен во случаите кога урушиолот сеуште е во контакт со облека или кожа.

Облеката штити од евентуална појава на црвенило, чешање итн. Пазете ја кожата со тоа што ќе ја покриете за да го избегнете контактот со отровните растенија. Ако сте на кампување, задолжително е да спиете во шатор, а не на отворено и директно на земјата. Луѓето кои се занимаваат со градинарство, се препорачува секогаш да носат ракавици, особено во подрачја со зголемен ризик од раст на отровни растенија. Употребата на лосиони кои содржат бентогуатам, создаваат природна бариера помеѓу кожата и урушиолот.

Маслото урушиол се лепи за кожата. Тој е инхерентно леплив путер, кој лесно се лепи на кожата. При сомневање дека сте имале контакт со отровен бршлен, даб или смрадлика треба веднаш да се измиете со млака вода и сапун. При недостаток на чиста вода користете алкохол. Во крана варијанта избришете се со влажните марамчиња со алкохол. Препорачливо е засегнатата кожна станица да се одржува сува, чиста и студена.

Самолекувањето со маст и лекови може само да го олесни засегнатиот дел и да го намали чешањето. Користете лосиони и маст што содржат каламин, дифенхидрамин или хидрокортизон, за да се намали силата на чешањето и црвенилото на кожата. Од исклучително значење е да се избегнува чешањето, за да не се формираат лузни или инфекции на кожата. Единствено вашиот лекар може да ви ги препише потребните лекови кои нема само да олеснат, но и ќе ги елиминираат алергиските реакции.

Консултациите со лекар се неопходни, особено ако кожата е во близина на очите или е распространета на голема површина од телото. Точната дијагноза е одлучувачка под пропишаните соодветни лекови. Присуството на други симптоми, како гадење, повраќање, треска, губење на здивот и потечени лимфни јазли, наметнуваат итна помош.

Домашните миленици не добиваат осип од отровните растенија. Факт е дека крзното на кучето и мачката ја заштитуваат кожата од контактот со урушиол. Тој, сепак, може да остане на нивните влакна и при допир со човекот да се предаде. Поради овој факт е препорачливо, по прошетка во паркот, шумата или други тревни предели домашното милениче да се мие со млака вода и сапун.

Отровните растенија не треба да се изгорат. Согорувањето на отровниот бршлен, даб или смрадлика со хемикалии или оган не се препорачува, бидејќи во воздухот остануваат честички урушиол кои можат да предизвикаат повреди на очите, носната слузница и дишните патишта. Наместо тоа, со помош на потребните градинарски алатки искоренете го отровното растение и ставете го во пластична кеса и ставете го на одредено место. Бидете внимателни урушиолот останува активен дури и во мртвото растение.

Види

Био храна која треба да се купува

Органските овоштија и зеленчук се омилени поради еколошкото потекло и недостатокот на штетни хемикалии. Специјалистите …