Почетна / Градина / Животни / Еве каква е вистината за уништувањето на диносаурусите

Еве каква е вистината за уништувањето на диносаурусите

Веќе е јасна причината која довела до уништување на ерата на диносаурусите. Падот на метеорит кој бил со дијаметар поголем од 10 километри, во реонот на Мексико, се покажал фатален за завршување на една цела ера пред 66 милиони години. Ова научно тврдење е откриено во списанието Science.

Научниците ја открија вистината за уништувањето на диносаурусите. Досега се знаеше дека џиновски судир со вселенската карпа, која довела до промена на климата на Земјата, се случила пред 300 000 години.

Но, според последните истражувања, научниците докажуваат дека метеорит се урнал на планетата пред 66 038 000 години. Овој настан е во огромна близина на моментот кога исчезнале диносаурусите, тврди Пол Рен, професор од Калифорнискиот универзитет во Беркли.

Иако последните новости во истражувањето на Земјата, научниците веруваат дека и други фактори довеле до уништување на диносаурусите. Такви се огромните периоди на застудувања, како и огромните вулкански ерупции во различни точки на нашата планета.

Исчезнувањето на огромните влекачи на Земјата, за прв пат биле поврзани со падот на огромен метеорит во 1980 година. Тогаш ова тврдење е поткрепено од професорот по планетарните науки во Беркли, Луис Алварес, чие дело продолжило по неговата смрт од страна на неговиот син Волтер.

Ударот на метеоритот е резултат на кратер, кој го носи името Чиксулуб. Тој е широк 177 километри и се наоѓал на брегот на Мексико, открива АФП.

Види

Научниците докажуваат: Кучињата ги разбираат човечките зборови

Научниците докажаа факт што повеќето сопственици на кучиња го знаат – најдобриот пријател на човекот …