26.04.2025
Почетна / Градина / Вести / Еве до кога земјоделците можат да поднесуваат барања за субвенции за градинарски и овошни култури

Еве до кога земјоделците можат да поднесуваат барања за субвенции за градинарски и овошни култури

Во тек е рокот за поднесување барања за финансиска поддршка за произведени и продадени градинарски и овошни култури во преработувачките капацитети.

Барањата може да се поднесуваат до 25 декември по електронски пат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во прилог на барањето се доставува и потврда за откупени количини.

За поддршка за градинарски култури може да аплицираат земјоделски стопанства кои од 1 март до 25 декември произвеле и проделе градинарски култури во регистриран преработувачки капацитет за зеленчук. Висината на поддршката изнесува 1,5 денар по килограм за сите градинарски култури, освен за пиперки и корнишони за кои поддршката изнесува три денари по килограм.

За овошни култури аплицираат земјоделски стопанства кои од 26 декември лани до 25 декември годинава произвеле и продале овошје во регистриран преработувачки капацитет за овошје. Висината на поддршката изнесува два денари по килограм.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој информира дека до 25 декември се поднесуваат и барања за финансиска поддршка за произведени и продадени праски во преработувачки капацитети во период од 12 до 30 јуни за кои висината на поддршката изнесува шест денари по килограм, додека за произведени и продадени лубеници на регистрирани откупувачи во период од 3 до 15 јули, висината на поддршката изнесува два денари по килограм.

Обрасците на потврдите може да се превземат од веб страницата www.ipardpa.gov.mk, во полето „Директни плаќања 2017“, „Обрасци“.

Види

39% од пеперутките и 9% од птиците исчезнале од европскиот континент

Без итна акција во следната деценија, Европа нема да може да се справи со климатските …