18.08.2022
Почетна / Градина / Вести / Еве дел од причините зошто да јадеш лути пиперки

Еве дел од причините зошто да јадеш лути пиперки

Децата кои имаат проблеми со концентрацијата, ќе го подобрат успехот, ако јадат лута храна, бидејќи лутото го стимулира мозокот. Лутите пиперки се идеални и при грипот и настинката. Ги прочистува дишните патишта и го отпушува носот, а ја намалува и непријатноста при зголемена температура.

Исто така лутите пиперки го зголемуваат нивото на хормоните на задоволството – ендорфин и серотонин. Ги смирува нервите, ги намалува последиците од стресот, ги релаксира нервите и помага на сонот да дојде побрзо.

Лутите пиперки делуваат благотворно на жените со гинеколошки проблеми особено оние кои имаат нередовен месечен циклус, а причината е седечкиот начин на живот, неправилната и нецелосната исхрана, недоволното спиење и одморот.

Лутото го зајакнува коренот на косата и добро влијае на нејзиниот раст, бидејќи ја подобрува циркулацијата на ткивата. Зачинетата храна се препорачува на жените со тенка и кршлива коса и нокти.

Види

За лекување на карцином помага црн боз

Црниот боз е исклучително корисно растение. Растението црн боз има кичесто жолто-бела боја и цвета …