Еукалиптусот расте на суви места. Растението е пренесено од островот Тасманија и Австралија. Расте во Јужна Европа. Корисен дел му се лисјата на растението и етеричните масла од нив.
Во својот хемиски состав содржи етерични масла, тен материи, органски киселини, горчливи материи, смолести материи, восоци и др. Маслото од еукалиптус го стимулира лачењето на плунка, гастричниот сок и цревната секреција.
Ја поодобрува секрецијата на желудникот и цревните жлезди.
Околу 1 лажица од листовите се поливаат со 400 мл врела вода и се оставаат да киснат 1 час. Се пие по 1 чашка 3 пати на ден пред јадење.