10.02.2025
Почетна / Градина / Вести / ЕУ предложи воведување на нов IP + стандард за земјоделството

ЕУ предложи воведување на нов IP + стандард за земјоделството

Високото загадување на животната средина и потребата да се произведат се повеќе земјоделски производи за да се храни светот, создаваат проблеми за земјоделскиот сектор, а еко-активистите постојано обвинуваат дека се нарушува хармонијата на природата.

Факт е дека се зголемува органското земјоделство како алтернатива на традиционалното земјоделство.

Но, прашањето е колку реално е да се следат строги правила без да се ризикува намалување на приносот.

Една неодамнешна студија на германскиот институт за органско земјоделство (FibL) за германската Федерална агенција за животна средина (UBA) покажува: „Органското земјоделство е добро, но не и совршено“.

Научниците ја потврдуваат вредноста на биолошките практики, но предлагаат воведување на нов стандард – зелено интегрирано производство (IP +).

Дигитализацијата има многу предности за оптимизација во земјоделското производство: прецизна контрола на плевелите, рано дијагностицирање на болести на земјоделските култури и правилна примена на ѓубрива, особено азот.

Во сточарството, иновацијата мора да има за цел да ги реши постојните конфликти помеѓу благосостојбата на животните и продуктивноста. Исто така, постојат можности да се подобри сточарството и исхраната за да се намалат емисиите на стакленичките гасови.

Научниците ги наведуваат слабостите на „чистото“ органско земјоделство:

недостаток на алатки за заштита од растителни заболувања и штетници;

недостаток на семиња и садници за органско земјоделство;

недостаток на природни извори на есенцијални аминокиселини (на пр. метионин, лизин) за хранење добиток (свињи и кокошки);

принципите на преработка на органска храна може да доведат до зголемена потрошувачка на суровини и повисоки трошоци за производство;

акцентот на старите земјоделски практики како составен белег на органското земјоделство доведува до негативен став кон техничката и технолошката иновација.

Конечно, органското земјоделство е далеку поскапо за земјоделците отколку традиционалното земјоделство, и како резултат на тоа, производите се исто така скапи и не се достапни за секого.

Главните карактеристики на стандардот се построги правила за примена на ѓубрива и третман на пестициди и задолжителна ротација на земјоделски култури. Ова ќе го доближи земјоделството до нејзините зелени цели со релативно мал пад на продуктивноста.

Извор: www.agrarheute.com

Види

Рибата што има проѕирна глава

Длабоко во морето постојат риби кои имаат проѕирна глава наречени „Macropinna microstoma“. На неа, се …