18.08.2022
Почетна / Градина / Вести / Есенско садење на овошните садници
Фото: Andrew Montgomery, intelligentliving.co

Есенско садење на овошните садници

Пред да се почне со садењето треба да се одреди длабочината. Вообичаено е садниците да се садат на иста длабочина како што биле во расадникот. Кај јаболкото и крушата, на слабо бујна вегетативна подлога, М9, спојното место треба да биде над површината на почвата. Ако се стави калемот под површината на почвата тој се ожилува, а овошката преминува на сопствен корен.

Начин на садење: На дното на дупката се става горниот дел од почвата 10-15 см , измешана со NPK ѓубре и малку арско ѓубре.

Потоа доаѓа чиста гона почва, околу 10 см, односно додека се стигне до потребната длабочина каде што треба да се постави садницата. Во средината на дупката се поставува мало купче почва врз кое се поставува коренот на садницата. Садењето го вршат два работника, едниот ја дрши садницата во вертикална положба, а вториот со лопата става горна ситна почва врз корените.

Потоа садницата повремено се затресува, за да ситната почва навлезе меѓу корените. Така коренот се покрива со 10-тина см ситна и влажна почва од горниот слој. По периферијата на дупката се става од долната, неплодна почва, која е измешана со арско и NPK ѓубре. Уште подобро е целата дупка да се наполни со оранична плодна почва, а долната неплодна почва да се врати на тоа место.

Штом целата дупка се пополни, 10-тина см над корените, се врши лесно нагазнување на почвата. Така корените се насочуваат косо, надолу. Ако повата е многу влажна, покрај коренот не се гази, туку почвата се притиска со рака.

Потоа дупката се дополнува со долната неплодна почва, помешана со арско ѓубре. Горниот слој не се гази, туку се прави чинија во која се налева една до две кофи вода – при есенско садење една, а при пролетно две. Чинијата се прави конусовидно, така што водата се насочува директно кон коренот. Кога водата ќе се упие, истиот или наредниот ден чинијата се затвора со ровка почва.

После есенското садење садницата се завиткува со неколку слоја хартија, за заштита од зајци. Завиткувањето со фолија не е препорачливо, бидејќи преку денот се загрева, се оросува, а ноќе замрзнува. При есенско садење садницата се загрнува со 20-30 см почва, за заштита на коренот од мраз.

Види

За лекување на карцином помага црн боз

Црниот боз е исклучително корисно растение. Растението црн боз има кичесто жолто-бела боја и цвета …