25.04.2024
Почетна / Градина / Есенско садење на овошните садници
Фото: Andrew Montgomery, intelligentliving.co

Есенско садење на овошните садници

Најдобро време за садење на овошните садници е есента, веднаш по паѓањето на листовите, а тоа е крајот на ноември. Ако временските услови се добри, садењето може да се изврши и во месец декември, ако температурата е над 0, а почвата е доволно заситена со влага.

Доколку садниците, од оправдани причини не сме ги засадиле есента, тогаш садењето може да се изврши крајот на февруари и почетокот на март, се до потерувањето на пупките.

При пролетното садење садницата потерува покасно и има помал пораст во однос на есенското садење.

Доколку површината е претходно риголована, на длабочина од 60-70 см, садењето се врши во помали дупки, 50 х 50 см, да може корените да се сместат во дупката. Ако површината е поплитко изорана садењето се врши во поголеми дупки, широки и до 1 метар и длабоки 60-70 см.

Пред да се почне со садењето, треба добро да се прегледа садницата, односно се скратуваат оштетените и скршени жили, а здравите се кратат на 25-30 см, потоа корените се потопуваат во каша од свежи говедски лепешки, глинеста почва и вода. Додека се влажни корените се посипуваат со ровка почва, која се налепува на кашата, а потоа садниците се распоредуваат во дупките за садење.

Пред садењето се разнесува потребната количина ѓубре (прегорено арско ѓубре) најмалку 1-2 кг на секоја дупка и 400-500 гр комбинирано ѓубре NPK. До колку почвата е кисела на дното на дупката се става 200-250 гр. томасово брашно.

Види

Потхранување на расадот

Хранењето на млади растенија со зеленило започнува веднаш по ртење на растенијата – околу 5-7 …