02.10.2022
Почетна / Градина / Есен – идеално време за размножување на декоративните грмушки

Есен – идеално време за размножување на декоративните грмушки

Без оглед дали станува збор за будлеја, форзинција или пак за леска, декоративните дрвја и грмушки заслужуваат да бидат повеќе. Затоа размножете ги.

Сега е идеално време да го направете тоа. Есента е време кога убаво цветачките грмушки и дрва треба да ги размножите и тоа со зрели резници.

Еве што треба да направите.Првата работа е подготовка на посадочниот материјал, а таа се состои од одбирањето на дебели здрави резницци.Потоа исечете ги резниците со должина од 2-30 сантиметри. Соберете ги во снопчиња, ставете им етикети за да знаете за кои дрвца или грмушки станува збор и резниците ставете ги во сандак.

Посипете ги со влажен песок и ставете ги на темно место каде температурата се движи од 0 до 10 степени целзиусови. Кон крајот на февруари резниците треба да се извадат и да се засадат во топли оранжерии. Забодете ги во земја до две третини од должината.

Резниците може да ги посадите и во саксии, но, важно е да бидат засадени во богата со хумус почва измешана со песок. Стимулирајте го вкоренувањето. Посточано навлажнувајте ја почвата за да можат резниците да се вкоренат, а пупките да се развијат.

Види

Што се случува со мозокот ако јадете по три банани дневно

Според студија објавена во Journal of American College of Cardiology, треба да јадете една банана …