17.03.2025
Почетна / Градина / Вести / Epidemik – Еден од најдобрите трибјут бендови на Pearl Jam денеска во Скопје

Epidemik – Еден од најдобрите трибјут бендови на Pearl Jam денеска во Скопје

Денеска, петок во клубот Станица 26 ќе имате можност да гледате еден од најпочитуваните PEARL JAM трибјут бендови во регионот. Бендот Epidemic е создаден во 2017 година во Нови Сад како музички проект фокусиран на гранџ музиката, со посебен акцент на наследството на бендот Pearl Jam. Бендот го сочинуваат талентирани музичари – гитаристите Никола и Невен, тапанарот Угљеша и басистот Марко, а нивната единствена визија ја предводи енергичниот фронтмен Чуфи, чиј глас чудно потсетува на Еди Ведер.

Epidemic не само што ја проширува традицијата на музичката сцена во Сиетл, туку и ја претвора во одлична забава.
И не е само тоа! Журката не почнува со нив туку со скопската предгрупа „ТHE OOZ“ која сонично ја претставува психоделичната монотонија на секојдневието и гласно и хаотично си играат со комбинирање на психоделија, нојз-рок и пост-панк.

Билетите за Pearl Jam трибјутот на Epidemic можете да ги набавите на https://drugastrana.mk/event/pearl-jam-tribute-epidemic/

Види

Следува максимумот на овој мартовски топол бран од југ во Македонија!

Денес (петок 14 март) и утре (сабота 15 март) ќе го имаме максимумот од овој …