Почетна / Градина / Вести / Елка од каде доаѓа традицијата за нејзиното красење?

Елка од каде доаѓа традицијата за нејзиното красење?

Во денешниот динамичен век, кога Божик е претворен во најголемата масовна индустрија за производство на декорација и подароци, за обезбедување на палета на пакети и услуги, промоции и забава е редно да си го поставиме прашањето што се крие зад магијата на празникот.

Од каде потекнува традицијата на празнување и со каква симболика е задолжена? Зошто украсената елка е неопходен атрибут на празникот?

Паганска традиција

Во многу пагански култури се користеле зимзелени гранчиња за декорација на домовите и храмовите во декември, бидејќи тоа е месецот кога денот е краток, а ноќта е подолга. Во текот на месец декември, кога сите листопадни дрвја и грмушки се практично безживотни, зимзелените растенија остануваат свежи. Тие како да поседуваат магична сила, која им овозможува да се противат на суровата зима. Затоа тие биле прилагодени за декорација на празникот. Донесувањето на зимзелени гранчиња во домот или во храмот е поврзано со надеж за вечно возобновување на животот.

Египјаните, на пример, ги користеле палмите како симбол на воскресението и вечната преродба. Со палмините листови тие ги украсуваат куќите. Првата употреба на зимзелени растенија потекнува од античка Грција по повод почитувањето на богот Адонис, кој се враќа во нов живот. Античките Римјани од своја страна ги украсуваат своите домови за време на прославите за богот Бакхус со дрвени гранчиња, украсени со метални украси и слики на божество.

Во чест на празникот се палат 12 свеќи кои го осветлуваат патот на луѓето во животот. Се разменувале подароци, се раздавале пари за благосостојба и слатки за среќа. Во северна Европа германските племиња ги користеле свеќите и сушеното овошје кон зимзелените гранчиња во чест на богот Меркур.

Види

Арека палма (Chrysalidocarpus lutescens)

Овој род опфаќа над 20 едностеблени или многостеблени палми. Стеблата на некои видови, досигнуваат и …