17.05.2025
Почетна / Градина / Вести / Екстрактот од коренот на аралијата делува врз централниот нервен систем и ја зголемува физичката активност

Екстрактот од коренот на аралијата делува врз централниот нервен систем и ја зголемува физичката активност

Расте во шумести места, ливади и напуштени места. Корисен дел од ова растение се неговите корените. Во својот хемиски состав содржи тритерпенови гликозиди, етерични масла, алкалоид аралин, смолести материи и др.

Екстрактите од коренот на аралијата дејствуваат врз централниот нервен систем и ја зголемуваат физичката активност.

Се користи при замор, депресија, ментална и физичка преумореност, низок крвен притисок, неврастенија, полова слабост и др.

Да се избегнува при висок крвен притисок, несоница, зголемена нервна возбуда. Начин на употреба: Алкохолен екстракт од коренот на аралијата ce приготвува во сооднос 1:5. Се зема по 30-40 во 1 чашка вода, 3 пати на ден, во тек на 4-6 недели.

Пред употреба задолжителна консултација со вашиот лекар!

Види

Какви домати бараат Европјаните?

Европските потрошувачи претпочитаат помали сорти на домати. Подготвени се да платат повисока цена за нив, …